Примерот на пчелите и светлоста на разумот – смислата на заедницата

Пишува: Кирил Барбареев, објавено на https://kirilbarbareev.com/2024/04/28/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7/

Разликата меѓу заедницата на пчелите и заедницата на човекот е во односот на бројот на работници и волјата да се направи добро.

Ретко се среќава таква дисциплина и организираност, таква храброст и одбрана на кошницата (татковината), заради опстанок на заедницата. Сто и педесет милиони години на истиот начин, со истиот труд, упорно и постојано. Без грешка. Од генерација на генерација! Инсект подготвен да учи и научи како се прави мед од постарите.  Пчелата секогаш излезот го бара кон светлото, никогаш кон мракот. Умира барајќи ја светлината како единствен излез.

Номинацијата на „Медена Земја“ за два оскари не израдува сите, филм за Атиџе и нејзиниот однос кон заедницата на природата. Пораката на филмот е последната опомена да го сфатиме  односот на човекот кон градењето на заедницата и смислата на заедницата, толку умно и со светлоста на разумот- Атиџе, покажана во филмот, преку двата различни начини на однос кон пчелите.

А, што е заедницата, што е државата и што е кошницата на Атиџе?

Зборот „заедница“ доаѓа од за-едно, луѓе собрани околу заеднички вредности, потреби, интереси, проблеми, развивајќи чувство на припадност и идентификација со другите заради задоволување на личните и заедничките потреби. И тоа е возможно само доколку постои меѓусебна доверба и почит. Доколку има систем и правила на однесување.

Платон многу одамна ни кажа дека праведна е онаа држава која им овозможува на своите граѓани да го работат и прават она кое најдобро го знаат и што по својата природа им е најблиску. И, тогаш се граѓаните среќни, тоа е целта на државата. Правдата и праведноста во државата се мера на мудроста, знаењето, храброста, умереноста, на доблеста. Тоа е здравјето на духот на една заедница.

Малите успешни земји одамна сфатија дека клучниот ресурс се луѓето, и дека знаењето и образованието се патот на длабоките преобразби насочени кон стимулирање и задржување на младите и на нивните неисцрпни можности за нов начин на мислење, делување и решавање на проблемите што ги наметнува новото време и предизвиците на новите технологии.

Образованието е клучната тема за да ја сфатиме смислата на заедницата. Тоа е единствениот ресурс со кој можеме нешто да направиме за тоа какви сакаме да бидеме. Повеќе граѓани или повеќе поданици!? Тоа е местото од каде треба да почнеме да учиме од почеток – што е државата? Што е заедницата? Зошто е важна кошницата на пчелите? И, како најдобрите, најумните и највредните да ги сочуваме или вратиме во земјата. Бидејќи, успехот и неуспехот, подемот и падот – личен и национален – и на домашна и на меѓународна сцена, се одредени од квалитетот на човекот и институциите, пред се од нивните знаења и умеења, рационално и ефикасно да ги решаваат тековните работи но и правовремено да ја предвидуваат иднината.

Цивилизираниот дијалог не е плукање, не е омраза, не е презир и прогон, туку утврдување на вистината и нејзино прифаќање. Нашата најголема задача е промена на овој самоубиствен стил на живот, на овој начин на дијалог и работа кој не спречува и враќа постојано назад. Ние конечно мора да се тргнеме од овие маки и тој голем камен во нас, мораме да се воздигнеме и да почнеме да градиме држава и едно нормално функционално општество, заедница на граѓани кои ќе имаат доверба и почит едни кон други и кои ќе знаат што сакаат да бидат.

Пчелите се најсилниот доказ дека смислата на една заедница не е втемелена на преживување на најмоќните, најбогатите,  најсилните. Темелите на еволуцијата се соработка, споделување, прилагодување!

Слични Написи

  • Лекција од Калахари

    Бушманите од Калахари зборуваат за два вида глад. Малиот глад е глад за храна. Потреба за нешто во стомакот, оган во телото кој мораш да го нахраниш за да останеш жив. Во овој свет на изобилство, често мислиме дека ова е единствениот извор на нашето незадоволство. Но, колку и да го полниме стомакот, честопати остануваме со чувство…

  • Насмевка

    Не потценувај ја силата на една искрена насмевка. Таа не е само израз на лицето – таа е порака што душата ја испраќа до друга душа. Луѓето можат да го заборават твоето име, твоите зборови или твојот изглед, но никогаш нема да заборават како се чувствувале во твоето присуство. Психологијата одамна покажала дека емоциите се…

  • Дарбата на крстопат

    Талентот (дарбата) или го (ја) имаме или не. За среќа, ретки се неталентираните за што било. И што е уште поважно – тоа наше обележје го носиме со себе од најраното детство се до смртниот час, кога најчесто предизвикува каење заради пропуштеното. Притоа, не мислиме само на талентот (кој никако не треба да се поистовети…

  • Има ли корист од асертивноста?

    Во нашата култура тоа е нешто за што малку се зборува, а уште помалку се практикува. Сè е некако заобиколено и маскирано, како во целофан. Да не се истакнуваме, да не изгледаме алчни, да не изгледаме груби, па што ќе кажат соседите, роднините, вработените… Асертивноста е најповрзана со лидерството. Без неа нема лидерство, влијание и…

  • Слушај со срце ….

    Во Животот многу е важно да се слуша. Сегментот на слушање во процесот на комуникација е суштинска база која дава дополнителна, друга вредност, на конверзацијата. Замислете како би изгледала комуникацијата меѓу двајца доколку едниот соговорник не слуша активно. Или поконкретно, слуша само толку колку да му помине редот на соговорникот и тој да го каже…

  • Елитата во рикверц

    Сосема вообичаено пладне со фенси друштво во „нашето” тренди-монденско кафуле во метрополата ни. Пред влезот стојат паркирани по една „бимота”, “џилера”, “каќива” и две „априлии” (веспите се забранети тука). Иако истовремено зјапаме во кутивчињата во рацете, сите од ред со грицнато јаболко на грбот, јас скришно и под око ги набљудувам и анализирам мемберсите, бидејќи…