Еден ден, ДРУГ ќе ….

Додека ја гледам реката која ја „живее“ сегашноста, го меморира минатото и ја очекува иднината и го пијам утринското кафе, низ Умот ми минуваат мисли дека ….

Еден ден ДРУГ ќе ја гледа истата река ….

Еден ден ДРУГ ќе ужива во убавините на Животот ….

Еден ден ДРУГ ќе се насладува од мирисот на цвеќето ….

Еден ден ДРУГ ќе размислува зошто има војни во светов ….

Еден ден ДРУГ ќе биде весел и позитивен ….

Еден ден ДРУГ ќе размислува и созрева ….

Еден ден ДРУГ ќе се сеќава на своите предци ….

Еден ден ДРУГ ќе живее во „мојот привремен стан“ ….

Еден ден ДРУГ ќе ја вози мојата кола ….

Еден ден ДРУГ ќе го „троши“ материјалното богатство кое сум го создал ….

Еден ден ДРУГ ќе го чита овој текст што го пишувам ….

Еден ден ДРУГ ќе се качува на планинските врвови ….

Еден ден ДРУГ ќе ужива во морските ширини ….

Еден ден ДРУГ ќе се забавува и ќе патува по светските меридијани ….

Еден ден ДРУГ ќе бара начин да стави печат на своето ПОСТОЕЊЕ ….

Еден ден ДРУГ ќе ….

Но дотогаш, сето ова и уште многу нешта ќе правам ЈАС ….

Се додека го живеам тој ЕДЕН ДЕН ….

Слични Написи