Животот ќе ти покаже кој си кога ќе изгубиш СЕ што те штитело
Животот ќе ти покаже кој си кога ќе изгубиш СЕ што те штитело
Не е тешко да бидеш добар кога животот ти оди по планот. Не е тешко да се насмевнуваш кога имаш сè што ти е потребно, ниту да ги разбираш другите кога никогаш не си ја почувствувал нивната болка. Но, вистинскиот карактер не се открива кога сè е лесно. Тој се открива кога си повреден и сепак избираш да не повредуваш.
Кога имаш можност да се одмаздиш, но не дозволуваш туѓото зло да го претвори твоето срце во истото зло. Запомни: не секоја победа е успех, ниту секоја загуба е пораз. Понекогаш ќе изгубиш човек а ќе се спасиш себеси. Ќе изгубиш можност а ќе ја зачуваш својата чест. Ќе замолчиш, не затоа што си слаб, туку затоа што си разбрал дека не секој заслужува објаснување.
Не им прави добро на луѓето само за да ти возвратат. Не биди чесен само кога некој те набљудува. Не ги мери своите вредности според туѓото однесување кон тебе. Затоа што, ако туѓата суровост те натера да станеш суров, си дозволил некој што те повредил да одлучува каков човек ќе бидеш. Можеш да простиш а сепак да не се вратиш. Можеш да сакаш а сепак да заминеш. Можеш некому да му посакаш добро, без повторно да дозволиш да ти го нарушува мирот.
Моралната сила не е во тоа да му направиш зло на оној што ти направил зло. Таа е во тоа да имаш моќ да го направиш, но да ја зачуваш сопствената човечност. На крајот, луѓето можеби ќе те паметат според она што си го поседувал, колку си заработувал и колку си постигнал. Но, вистинската вредност на човекот се гледа во она што останува од него кога ќе исчезнат парите, положбата, славата и аплаузите.
Живеј така што нема да мораш да се срамиш од човекот во кој си се претворил за да преживееш. Затоа што животот не е само прашање колку далеку ќе стигнеш, туку и колку од себе ќе успееш да зачуваш додека стигнуваш таму.
Азра

