Граѓаните немаат ниту слободно време, ниту пари

Луѓето немаат време за слободни активности, пари и слобода за живеење покажа првото онлајн истражување на нашата платформа „То-До-Р“ на прашањето „Што најмногу Ви недостасува во едно деноноќие“.

На повеќе од 30 проценти од луѓето им недостасува токму „време за слободни активности“. За речиси 27 проценти, парите и материјалите вредности се предизвик со кој се соочуваат во текот 24 часа. Повеќе од 13 проценти немаат слобода за живеење (13.3%). Земено кумулативно, повеќе од 70% од граѓаните во Македонија имаат сериозни проблеми со менаџирање на своето време и на своите пари и материјални вредности.

Четвртиот одговор на нашето прашање „Што најмногу Ви недостасува во едно деноноќие“ објаснува дека испитаниците немаат доволно време за социјализација со пријателите.

Речиси 10% од испитаниците одговараат дека поради начинот на живеење немаат простор за креативно издигнување. Останатите испитаници одговориле дека им недостасуваат чист воздух, време за спиење, време за себе, можности и време за културно издигнување, отворени клубови и ноќен живот и слободоумни луѓе.

Повелете пристап до резултатите:

Слични Написи