Кој си ти кога никој не те гледа?
Често размислувам за едно прашање: Кој си ти кога никој не те гледа?
Не оној што го познаваат другите. Туку оној што останува кога ќе се затворат вратите, кога телефонот ќе замолчи, кога сите гласови ќе исчезнат и ќе останеш сам со сопствените мисли. Тогаш нема потреба да бидеш силен. Нема кого да убедуваш дека си добро. Нема публика пред која треба да ја носиш својата најубава маска. Остануваш само ти.
И можеби токму таму започнува најискрениот разговор што некогаш ќе го водиш. Затоа што човек може со години да го крие својот страв од другите, но тешко може да го сокрие од себе. Може да ги убеди сите дека не му е грижа. Но, што чувствува кога ќе остане сам? Може да изгледа смирено. Но, што се случува во тишината? Може да им простува на сите. Но, дали си простил себеси?
Понекогаш најголемата мистерија не е што крие човекот од светот. Туку што крие од самиот себе. Можеби затоа некои луѓе толку се плашат од тишината. Не затоа што во неа нема ништо, туку затоа што во неа конечно се слуша она што долго време го потиснувале. И тогаш маските стануваат непотребни. Остануваат твоите вистински мисли. Твоите вистински стравови. Твоите неискажани желби. Твоите рани што никогаш не си ги именувал.
А можеби постои една чудна вистина: човекот не го запознаваш по тоа како се однесува пред светот, туку по тоа што останува од него кога светот ќе исчезне. Затоа, ако некогаш сакаш навистина да се запознаеш себеси, не прашувај само: „Кој сум јас?“ Прашај: „Кој сум јас кога никој не ме гледа?“ И не брзај со одговорот. Некои одговори не се кажуваат. Тие се откриваат во самиот себе .
Азра

