Очекување и исчекување!!!!

Драги мои, не знам дали некогаш сте имале чувство на очекување и исчекување?

На посакување и одложување? Да се случи нешто, да се појави, да се изроди? Да се „врати“? Да застане на тесната врата со широката насмевка? Да ја оплемени реалноста со своето присуство?

Едно мало компактно пакување со огромна широка Душа? Внатрешна убавина која блика и ја дефинира надворешната содржина наречена Тело?

Да биде уште позагадочно – Суштество кое не е свесно за својата присутност и способност да „окупира“? Да го „запоседне“ етерот со едноставноста, енергијата, насмевката, чистината, љубовта.

Е токму такво Ангел Суштество запознав. Си го нареков фАлиНкА.

Не за друго, затоа што постојано фали во мојата пространа надворешност, недостасува во мојата внатрешност. Толку недостасува што – боли?

Што нејзиното појавување, по периодот на очекување и исчекување, го дефинирам како незаменлив лек за Душата. И да, свесен сум дека нема друг лек, нема друг „противотров“, на заразната искрена љубов.

Останува само да левитирам во беспросторот на очекувањето и во „бездушноста“ на исчекувањето. И да се надевам и посакувам мојата пространа надворешност и огромна празна внатрешност повторно да ги гушнат нежните рачиња и видливата присутност на мојата фАлиНкА..

Јас ќе чекам и ќе се надевам ….

Непознат автор

Слични Написи