Ќе има ли љубов ако не чувствуваш потреба да се грижиш за таа личност?
Драги читатели, ова е став на наш редовен читател и автор на текстови.
Платформата отвора дебата за вашето мислење на тема Љубов?
„Љубовта не е само чувство, ниту само зборови изговорени во вистински момент. Таа се препознава во грижата, во интересот за туѓата благосостојба, во желбата некој да биде добро дури и кога не си покрај него.
Кога сакаш некого, природно е да се прашуваш како е, дали е среќен, дали му треба поддршка или само нечија присутност. Грижата не е обврска – таа е тивок доказ дека некој има посебно место во твоето срце.
Ако целосно отсуствува потребата да се грижиш за таа личност, тогаш вреди да се запрашаш дали станува збор за љубов или само за навика, привлечност или привремена емоција.
Затоа што вистинската љубов не бара совршенство. Таа бара искрен интерес за нечие добро“.

