Дуалноста на Животот

Почитувани, со одобрение на авторот Џорџ Венистом, во продолжение ќе објавуваме поглавја од книгата „Буниште од емоции“.

Сè во животот е сместено меѓу две крајности, две дуалности, меѓу две „лепчиња“ кои ја спојуваат душата, емоцијата, чувството, но и опипливото, дофатливото.

Животот е меѓу Небото и Земјата,

Душата – меѓу емоциите и чувствата,

Телото – меѓу висината и тежината,

Времето – меѓу денот (Сонцето) и ноќта (Месечината),

Состојбите – меѓу Тагата и Среќата,

Богатството – меѓу сиромаштијата и изобилството,

Водата – меѓу пареата и мразот…

Сè што е меѓу овие крајности е содржина која го

прави нашиот ТосТ.

Слични Написи