Енергетски Вампиризам

Иако поимот „енергетски вампири“ звучи како термин од научно-фантастичен филм, во психологијата и во биоенергетиката со него се опишуваат луѓе, кои свесно или несвесно, ја „цицаат“ животната енергија од другите луѓе. По средба со ваква личност, најчесто чувствувате целосна исцрпеност, понекогаш и со главоболка, без волја или со ненадеен пад на расположението.

Зошто се случува ова? Најлогично, затоа што овие луѓе не се свесни за целисходноста на сопственото постоење. Можеби и заради несреќно детство, длабоки лични трауми, постојано незадоволство или егоцентричност. Без разлика на причината, факт е дека енергетските вампири не се способни сами и на сопствен начин да акумулираат енергија или носат блокада на сопствената енергија поради што имаат хроничен дефицит на енергија. Во вакви случаеви, најлесен начин е тој да користи готова туѓа енергија, која, едноставно „некој“ му ја дарува или „донира“. Велиме дарува, затоа што аурата на добрите луѓе, на позитивните луѓе со висок степен на емпатија,  секогаш е широка и отворена. Од друга страна, енергетските вампири секогаш се подготвени да се напојуваат од блиски луѓе со кои имаат некаква интеракција. Токму тогаш тие се „прикачуваат“ на туѓата аура и се надополнуваат.           

Најлесен начин овие енергетски вампири да се „напојат“ е преку предизвикување силна емоционална реакција кај вас (осуда, вина, лутина, страв или сожалување). 

Со својата наметливост, импулсивност и конфликтност, тие нè трошат нас на психофизички план, предизвикувајќи внатрешна несигурност, нервоза и немир. Затоа што, само така може подлабоко да продрат во нашето биополе. Се мисли дека, при предизвикување емоција со мачнина, лутина, гнев и така натаму, веднаш се влегува во ниска вибрација. Но тоа веднаш, сепак не е до секој дел од нашето физичко и ментално тело. За тоа потребно е и малку време.

Онаа временска разлика каде покажуваме лутина и кога менталното тело веќе е во друга густа-ниска енергија, во физичкото тело постои остаток од претходната состојба на повисока вибрација и како таква е на располагање се додека и таа не премине во ниска вибрација. Тој период е период на напојување на оној кој го спуштил енергетското поле или не довел на поле со ниска фреквенција. Во таков случај „вампирот“ се чувствува полесно, подобро и повредно, додека донаторот или жртвата станува депресивна и малаксана, како болен. Иако симптомите на еден вампирски напад често минуваат брзо, тие имаат тенденција на долготрајност доколку контактите со енергетскиот вампир се чести и константни.

Енергетските вампири често користат манипулација за да ги постигнат своите цели. Пример, може да биде постојаното обвинување на другите или нагласување на сопствените потреби над потребите на другите.

Недостатокот на способност за емпатија со емоциите на другите луѓе е клучна карактеристика на енергетскиот вампиризам. Игнорирајќи ги потребите на другите, тие се фокусираат исклучиво на себе. Енергетските вампири најчесто се луѓе кои земаат, не даваат и секогаш добиваат „бесплатна терапија“ со нивните блиски пријатели, семејство, партнери, колеги, дури и со странци и со деца.

Ако сме во близина на ваква личност, ќе почувствуваме замор, стрес, физички проблеми како главоболки и болки во телото, ментална и физичка истрошеност и раздразливост и/или анксиозност. Притоа може да забележиме дека кај енергетските вампири се појавуваат следниве симптоми на љубомора, големо его, дебата по по секоја цена, расправија со и без поента, агресивно и наметливо однесување, параноја, проблеми со гневот, нарцисизам, жалење, несигурност, односно постојана потреба од одобрување и прифаќање

Исто така, добро е да знаеме дека енергетските вампири не мора секогаш да бидат луѓе. Може да станува збор за ситуации, дури и физички предмети и уреди: интернетот, телевизијата, радио, телефон и слично, забави, толпи, автобуски постојки и слично и животни и домашни миленици.

Автор: Д. Б.

Слични Написи