Патот кон себе

Себеразвојот не е нешто што се случува преку ноќ. Тој е процес кој бара време, трпение, храброст и искреност кон самите себе. Понекогаш растеме преку успесите, а понекогаш токму преку грешките, разочарувањата и предизвиците кои покажуваат колку, всушност, можеме да издржиме.

Да работиме на себе значи да се запознаеме подобро, да ги откриеме своите силни страни, но и да признаеме дека постојат работи на кои можеме да се подобриме. Значи, да научиме да не се споредуваме постојано со другите, туку да го следиме сопствениот напредок.

Секој човек има свое темпо и свој пат. Можеби денес не сме таму каде што сакаме да бидеме, но тоа не значи дека не напредуваме. Еден ново научен збор, еден надминат страв, една донесена одлука или еден мал чекор кон нашата цел може да биде почеток на голема промена. Најважно е да не престанеме да веруваме дека можеме повеќе.

Да си дадеме дозвола да растеме, да се менуваме и да почнеме повторно кога е потребно. Бидејќи најубавото патување што може да го направиме е она што нè носи поблиску до самите себе.

А. Б.

Слични Написи