Присуство во отсутноста
Знаете ли колку може да биде голема Празнината во едно мало Срце!?
Сте доживеале ли такво чувство на „бес-чувство“!? Она кога сите твои Чувства се спојуваат во таа празнина? Се ангажира целокупниот твој хабитат / опстој за да ја „пополни“ празнината!? Да не кажам, чувство како да си на работат на егзистенцијалниот опстанок!!!!
Умот вели „имаш СЕ“. Реалноста ти покажува дека имаш СЕ. Но, нешто внатрешно, нешто невидливо, нешто болно, се спротивставува и на умот и на реалноста. Веројатно, затоа што, во таа состојба, си надвор и од умот и од реалноста. Функционираш на база на нешто возвишено, внатрешно, невидливо, моќно.
Токму оваа состојба ти покажува дека сме суштества на внатрешноста. Дека иако имаш СЕ може повторно да биде Празнина. Иако се трудиш токму таа – Празнината да ја сместиш во категоријата уште „едно парче во СЕ“, сепак таа се спротивставува и тврдоглаво се бори да ја покаже својата самостојност. Не само што се спротивставува, туку и ја докажува својата присутност. Чуден оксиморон – присуство во отсутноста. Постоење во Празнината.
Многумина велат дека Умот управува со СЕ и се што ќе замислиш – станува реалност. Еве можност да се визуелизира оваа Празнина, да се менаџира со Умот и да се претвори во Полнотија. Но, формулата не успева. Нешто недостасува. Постои Празнината.
Затоа што во оваа Празнина има Ништо. Огромна, безумна, болна празнотија која не може да се пополни со „нешто“. Затоа што, не знаеме што е тоа нешто што може да ја затвори невидливата болка.
Велат времето ќе излечи СЕ. Да му дадеме „време на времето“. Трпение – спасение. И што колку може се да се набројува. Но, исчекувањето на ова време, на ова трпение, на ова лекување – е тоа е болноста.
Оној што не минал низ состојбата – не знае.
Оној што минал – ја дознал болката.
Оној што ќе мине – нека биде свесен за процесот.
Нека го прифати. Нека го доживее. Нека го преживее. Нека раскаже.
Нека биде подготвен. За прифаќање на Празнотијата.
Нека ја живее Празнината во Срцето. Нека биде Присутен во Отсутноста.
ТосТ

