Туѓото доцнење ми го „подобри“ животот

Генерално, во животот сум благодарна личност. Затоа што имам СÈ што му треба на еден човек. Ваквото СЕ е резултат на труд, на размислување, на надеж, на желба. Но, никогаш, барем не досега, во оваа равенка за постигнување на СÈ, не сум го зел в предвид факторот ДОЦНЕЊЕ. Не сопственото, туку туѓото.

Во Македонија доцнењето е национален спорт. Речиси сите доцнат. Од куртоазија, од што им се може, од тоа да се направат важни бидејќи „важните личности доаѓаат последни“, од тоа што се изгубени, од не знам какви се не причини.

На запад, ваквото доцнење не се толерира. Нема академски 15 минути, нема доцни трамвајот, не дојде таксистот или не знам какви се не изговори. Едноставно, соговорникот сфаќа дека ова е чин на сериозно непочитување и возвраќа, со непочитување. Не те чека ниту една минута, иако нели една минута е краток период.

Затоа, со овој текст сакам да се ЗАБЛАГОДАРАМ на сите наши луѓе што доцнеле во мојот живот. Свесно или несвесно, намерно или ненамерно, треба да се каже благодарам. Затоа што многу ми помогнале да постигнам СÈ што сум можел да постигнам досега.

Додека ги чекав, секогаш читав книга. Или, размислував за сопствените задачи што треба да ги реализирам. Или правев планови за утрешниот ден. Или се релаксирав додека ги чекам за да имам „поголем капацитет“ при следните соочувања со реалноста. Едноставно сфатив дека овој „национален спорт“ треба да го пренасочам кон позитивни вредности и да го „искористам“ во сопствено градење на лични вредности.

Се надевам и посакувам многу луѓе да ја „практикуваат“ оваа трансформација на времето во позитивни вредности.

Т. С.

Слични Написи