Што ни е целта во животот – да бидеме подобри луѓе или да постигнеме нешто што ретко кој може?

Целта во животот е нешто што секој човек ја бара на свој начин. Некои луѓе веруваат дека најважно е да станеме подобри личности – да бидеме чесни, одговорни, љубезни и да им помагаме на другите. Кога работиме на себе и на својот карактер, не само што го подобруваме сопствениот живот, туку позитивно влијаеме и на луѓето околу нас.

Да се биде добар човек е успех сам по себе, бидејќи во денешно време не е секогаш лесно да се остане искрен, праведен и човечен. Од друга страна, многу луѓе имаат големи соништа и цели кои сакаат да ги постигнат. Тоа може да биде успех во професијата, спортот, науката, уметноста или во која било која друга област.

За да се постигне нешто што ретко кој може, потребни се дисциплина, труд, упорност и голема посветеност. Најуспешните луѓе не се оние кои никогаш не паднале, туку оние кои по секој неуспех повторно станале и продолжиле напред.

Според мене, вистинската цел во животот е да се најде рамнотежа меѓу овие две работи. Не е доволно само да постигнеме голем успех ако притоа ги заборавиме човечките вредности. Исто така, не треба да се задоволуваме со просечност ако имаме потенцијал да направиме нешто големо. Затоа треба постојано да се стремиме да бидеме подобри луѓе, но и да ги следиме своите соништа со храброст и решителност.

Така ќе изградиме живот со вистинска смисла, ќе бидеме горди на себе и ќе оставиме позитивна трага зад нас.

Автор: Албулена Браимовиќ

Слични Написи